Полицијата застрела маж кој отвори оган врз група луѓе на Менхетн во Њујорк, САД. Четири лица се ранети, а полицаец го ранил напаѓачот кој бил приведен.

Во пукањето се погодени четири лица кои биле пренесени во болница.

Инцидентот се случил во четири наутро по локално време во горниот дел на Менхетн, објави американскиот портал „ny1.com“.

Полицијата соопшти дека полицаецот го застрелал напаѓачот во колкот откако видел дека отворил оган врз луѓе.  Осомничениот е приведен и се наоѓа во стабилна состојба, а полицаецот не е повреден.

Мотивот за нападот не е познат. А.Н.