Владимир Путин Фото: EPA / ALEXEI NIKOLSKY / Kremlin

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја прими вакцината против корона „Спутник 5“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тој рече дека ќе се вакцинира, одлучи и чека да бидат завршени сите формалности во тој поглед“, изјави Песков за телевизијата „Русија 1“.

Русија ја започна програмата за вакцинација со „Спутник 5“ на почетокот на декември, а најранливите групи во Москва беа меѓу првите кои беа вакцинирани.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека од понеделник ќе бидат вакцинирани граѓани постари од 60 години, а претходно руското Министерство за здравство ја одобри вакцината за оваа категорија на население.

Путин претходно изјави дека руската вакцина е ефикасна и безбедна и дека не гледа причина зошто не треба да се вакцинира. А.Н.