Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил информира дека Комисијата за заразни болести, утрово донела одлука за воведување на задолжителен Пи Си Ар тест за патниците од Косово коишто минуваат низ земјава. Транзит-патниците треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Предлогот ќе биде доставен до Владата, се вели во информацијата што ја сподели министерот Филипче.

Ваквата одлука следи откако на неколку наврати со летовите на визер за Турку, Финска,  имало патници позитивни на вирусот КОВИД 19.

А.Н.