1.Финансиски тајни. Всушност, малку е доцна да се дискутира било што големо што сте го криеле, како илјадници евра кредит, но доколку сеуште криете нешто, што побрзо го „изнесете на маса“, толку побрзо ќе може да почнете да го поправате проблемот заедно.

Ова не е лесно да се дискутира, заради што се препорачува нешто што нововерените парови го прават: одете на финансиски состанок, каде излегувате на вечера со специфична цел, зборување за пари.

2.Банкарски сметки. Многу финансиски експерти предложуваат држење на банкарските сметки и пари разделени дури и кога сте венчани, но по размената на венчални завети, добро е комбинирање на вашите приливи, додека нема сериозна причина зошто да не.

Кога парите се држат разделено, аргументите како „Ова е твоја сметка за плаќање“ или „Ова се мои приливи, ќе ги трошам како што сакам“, може да бидат и деструктивни. Така, иако не треба да правите ништо веднаш, ова е добар период да почнете со дискусии, дури и за тоа која банка сакате да ја користите.

3.Вашите финансиски цели. После се, што доколку двајцата имате комплетно различни финансиски цели? Подобро да дознаете и дискутирате кои се вашите финансиски очекувања, надежи и соништа сега.

Некои од прашањата кои треба да ги поставите се: Дали сакаш да инвестираш? Дали сакаш да купиш дом? Дали сакаш деца, и дали едниот од нас сака да остане дома да се грижи за детето?

Нема точен или погрешен одговор, но треба да се зборува за нив, и можеби сакате да почнете да тргате пари на страна за некои од целите. На пример, доколку сакате деца, зошто да не почнете со резерви за факултет уште сега? Или можеби сакате да купите животно осигурување за двајцата?

4.Кој ќе биде банкарот во вашето семејство. Можеби ќе ги поделите сметките, каде едниот ќе плаќа за електричната струја и водата, а другиот ќе го плаќа кредитот и сметката за телефон. Или можеби само едниот ќе ги плаќа сите сметки секој месец. Кој и да е планот, ќе сакате да го дискутирате претходно, доколку сакате понатаму се да функционира како што треба.

Можеби сакате да имате одредена сума на пари која секој може да ја искористи во даден период (неделно/месечно), без вклученост на другиот. “Без прашања и осудувања“, фонд за лични потреби, или фонд за подароци за партнерот за кои не треба да дознае.

5.Вашата свадба. Работата на која прва ќе потрошите пари добро е да ја дискутирате на крај. Вашиот свадбен ден може да биде најмагичниот ден од вашиот живот, но исто така го има потенцијалот да биде и најскапиот. Дали ќе имате голема или мала свадба? Дали плаќате вие или вашите родители? Доколку плаќате вие, колку можете двајцата да издвоите, и што доколку ги немате тие пари?

Ова можат да бидат стресни прашања како за прашување така и за одговарање, но мора да бидат разговарани, свадбата нема да се испланира и отплати сама од себе.

А.Н.