Викендот пред Нова Година ако немате каде да одите, тогаш ставете си го во агендата ГТЦ во Скопје. Оттаму најавуваат дека планираат заживување на еден од омилените објекти на скопјани. Или, поточно, на 28ми, 29ти и 30ти Декември ќе се одржи хепенинг под наслов “Размрдај го ГТЦ”, на кој ќе настапат некои од нашите најголеми музички уметници, како и млади бендови и диџеи. Посебен дел во секој од овие денови ќе биде посветен и на најмладите, за кои подготвиле специјална детска програма, со задолжителните дедомразовци и многу други изненадувања. Периодот од 10 години во кои речиси и ништо да не се случуваше во Градскиот Трговски Центар, конечно ќе заврши, а новогодинешните празници и еуфоријата која со себе ја носи овој период од годината, е идеален за почеток на креирање на новиот дух на ГТЦ.
Настанот ќе се одржи на две сцени (по една на двата влеза), и тоа – на влезот од кај плоштад Македонија ќе биде главната бина, додека на влезот кај Соравија е диџеј сцената. Водител на програмата ќе биде Нора Шаќири

Распоред на програмата:

28.12. (четврток)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– Бени и Нон Стоп (13-15ч)
– The Ringtones (15-17ч)
*Dj сцена:
– Мартин (Antenna5) (12-14.30ч)
– Вера Јанкович (14.30-17ч)

29.12.(петок)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– ДНК (13-15ч)
– Thea and the Band (15-17ч)
*Dj сцена:
– Маци Стојанович (12-14.30ч)
– Irie Scratch (14.30-17ч)

30.12 (сабота)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– Златко Ориѓански & Бени (13-15ч)
– Bendover (Кума и Црни) (15-17ч)
*Dj сцена:
– Драган б. Костиќ (12-14.30ч)
– Цена (14.30-17ч)