На ноќните типови обично се гледа прекорно со задолжителен коментар парафразирајќи ја старата изрека – кој рано рани, две среќи граби … но дали тоа навистина има смисла?

Многу добро знаете дека утринските типови се активни од раните утрински часови и дека работите ги завршуваат пред ноќните типови, но научниците докажале дека всушност се работи за два различни типови на мозоци. Имено, мозоците се развивале на поинаков начин, а секој од нив има свои предности.

Така, ноќните типови имаат поразвиена десна страна на мозокот, што им дава посилна индивидуалност и имагинација. Покрај тоа, подобро ги процесираат информациите, поинтелигентни се и поотворени за нови искуства, што повлекува склоност кон истражување и зголемена креативност, така што не е чудно што ноќните птици во просек се побогати од утринските типови.

Од друга страна, утринските типови имаат поразвиена лева страна на мозокот, што им дава силни аналитички способности и склоност кон тимска работа, способност за подобро планирање на иднината и упорност, а целите им се секогаш веќе поставени.

Можеби најважната разлика кога се гледа од здравствен аспект, е фактот дека утринските типови се докажано помалку депресивни и помалку пушат и пијат.

Но, повеќето луѓе се всушност некаде помеѓу …