Хашкиот трибунал штотуку му изрече доживотна казна на поранешниот врховен командант на Војската на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, по обвинението за геноцид врз муслимани и други воени злосторства. Хашкиот трибунал го потврди геноцидот во Сребреница, а изрекувањето на пресудата накусо беше прекината откако Младиќ побара кус одмор за тоалет, но тој беше продолжен поради тоа што на Малдиќ му се слошило. Одбраната побара прекинување на изрекувањето на пресудата бидејќи Младиќ доживеа хипертензија, но не беше прифатено.

Младиќ е ослободен од геноцид во шест општини (Клуч, Котор Варош, Сански Мост, Приједор, Власеница и Фоча во текот на војната во БиХ), но е осуден за кривично дело  геноцид во Сребреница и прогон, истребување, злосторство против човештвото, убиство, нехумано дело присилно преместување, депортација, тероризирање и противправни напади врз цивили, земање заложници.