Хрватскиот музичар Рајко Дујмиќ (65), кој се здобил со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа кога слетал од патот и излетал од автомобилот, е во животна опасност, објави Клиничкиот болнички центар во Риека.

Сопругата на Дујмиќ, Снежана потврди на Фејсбук дека музичарот бил во кома.

„Ве молам, молете се тој да се разбуди од кома“, напиша Снежана Дујмиќ.

Несреќата се случила вчера доцна попладне во Равна Гора во Горски Котар.

Рајко Дујмиќ во јавноста е познат како лидер на популарната поп група „Нови фосили“, за која напиша многу познати хитови. А.Н.