Ердоган уште еднаш побара дел од Бугарија, а политичарите молчат на ваквото срамно барање – се реакциите од соседна Бугарија, на барањето на Ердоган за ревиизја на Лозанскиот договор. Имено, втор пат во рок од една година турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го покренува прашањето за Лозанскиот мировен договор и изјавува желба за неговото преиспитување. Овој пат, тој тоа отворено му го кажа на Алексис Ципрас за време на официјалната посета на Грција, а на што грчките  домаќини му одговорија соодветно.

Бугарските граѓани предводени од движењето „преродба“ тврдат дека реакција од официјална Софија е неопходна поради тоа што ова прашање не се однесува само на Грција. Според пишувањата на „Преродба“ на нивниот сајт, Лозанскиот договор е потпишан на 24 јули 1923 година и го заменува Северскиот договор од 1920 година, меѓу Османлиската империја и земјите победнички во Првата светска војна. Причината за тоа е турско-грчката војна од 1919-1922 година, која војниците на Младотурската Република ја добиваат. Тоа во основа ги регулира границите и териториите меѓу Грција и Турција, како и голем број други работи. Но, она што треба да ги интересира  Бугарите , е дека со овој договор се уредуваат и границата меѓу Бугарија и Турција, како и статусот на 200 илјади муслиманско малцинство во Грција, од кои половина се состои бугарски-муслимани.
Со оглед на сето ова, од „Преродба“ сметаат дека Бугарија треба сериозно да се позанимава со барањето на турскиот претседател за ревизија на Лозанскиот мировен договор, бидејќи тоа буквално значи ревизија на државните граници на Балканот. Второто прашање, освен територијалниот кој треба да ја возбуди бугарската држава е тоа што Ердоган буквално побарал муслиманското малцинство во Грција да биде признаено за турско што ни повеќе, ни помалку значи насилно потурчвање на 100 луѓе во Грција, за кои од „Преродба“ тврдат дека се Бугари.