четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаРевијата "Екран" слави 50 години!

Ревијата “Екран” слави 50 години!

Утре, 20 ноември , ЕКРАН ја одбележува 50 –годишнината од излегувањето на првиот број на ревијата со Сашка Петковска на насловната страница.

– Заради пандемијата ја откажаа реализацијата на повеќе интересни идеи во кои требаше да земат учество голем број од уметниците за кои пишувавме преку 30 години, ни изјави уредникот Тимчо Апостолов.

ЕКРАН беше ревија за целото семејство. Неделник кој информираше за сите настани од театарот, филмот, музиката, телевизијата, спортот, литературата и ликовната уметност кои се случуваа во Макдонија и светот.

ЕКРАН ги следеше подготовките на секоја драма на “штиците кои живот значат“, на тв драмите, играните или документарените филмови, снимањата на сингл или лонг плеј плочи…

-Така ЕКРАН растеше заедно со актерите и протагонистите на овие уметничките дела.Се радувавме на пофалбите, признанијата и на наградите освоени во странство и се обидувавме да ги пофалиме и афирмираме тие што работат.

ЕКРАН имаше вистински професионалци кои покрај редовните обврски да не се пропушти настан, ги организираа манифестациите “Екран театар фест“, “Артист на годината“, “ПОП РОК ФЕСТ“,“Избор на најдобар диск џокеј“,“Мис на Македонија“ со кои дадовме голем придонес за афирмација на македонските вредности.

Читателите тоа знаеја да го ценат и тоа најдобро можеше да се види од тиражот од 40.000 до 60.000 примероци кој во одредени периоди од годината ги надминуваше и овие бројки што го рангира неделникот како најтиражен во историјата на журналистиката на Македонија, вели Апостолов.

“Екран” веќе не постои како печатена ревија, но се уште е дел од архивите на илјадници читатели. Среќен 50. роденден Екран!

В.Ѓ.Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ