Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти и тоа во Скопје 11, Куманово 10, Тетово 1, Велес 2.

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415. А.Р.