Регистриран е првиот случај на заразен со корона вирусот во Скопје. Неофицијално станува збор за жена која неодамна се вратила од патување во Италија.

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипчо и др. Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на заедничката прес конференција во медиа центарот во владата го потврдија првиот дијагностициран пациент.

Пациентката која е родена 1970 година во Скопје и е сместена на инфективната клиника, цел месец била во Италија и две недели веќе била болна и се лечела во Италија. По пристигнувањето во Скопје веднаш се пријавила во болница. Минситерот Филипче објасни дека пациентаката во моментот кога патувала не била во процес на инкубација, односно не била преносител на заразата.

Филипче апелира до сите компании кои соработуваат со Италија да не ги примаат на работа вработените кои патувале во Италија, туку да бараат од нив да останат дома во наредните 14 дена.

Д-р Караџовски потенцира дека еден заразен не претставува опасност за целото население и дека државата е подготвена да се справи со заразата.

Премиерот Спасовски го потврди првиот случај на заразен со корона вирус и кажа дека ситуацијата е под контрола и сите служби се подготвени да реагираат во овие услови. Тој апелира до граѓаните целосно да се придржуваат на препораките од Министерството за здравство, а кои се според протоколите на СЗО.

Следни насоки за граѓаните најавија на втората прес конференција закажана за 20 часот.