54,4 степени Целзиусови, највисоката температура досега измерена на Земјата, е забележана во Националниот парк „Долина на смртта“ во Калифорнија. Рекордот го пријавил Националната служба за временски услови на САД.

Тоа доаѓа заедно со топлотниот бран на западниот брег на Соединетите држави, каде се очекува температурите да растат уште оваа недела.

„Огнените“ услови доведоа до дводневни прекини на електрична енергија во Калифорнија, откако електраната не успеа да работи во саботата.

Претходно, најголема температура регистрирана на Земјата била 54 степени Целзиусови – повторно во Долината на смртта во 2013 година.

Претходната највисока измерена температура од 56,6 степени е оспорена како несигурна, што се претпоставува дека ова се највисоки температури регистрирани досега на нашата планета. Тие се регистрирани во време кога западниот брег на Соединетите држави е покриен со топлотен бран, а се очекува температурите да раснат во наредните денови.

А.Н.

Текстот е дел од проектот ЕКО Едукација за новинари“, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање