Култната сараевска рок група „Црвена јабука“, со чии хитови пораснаа многу генерации, оваа календарска година ја заокружува со многу успех,  а по број на концерти одржани во текот на календарската година е далеку над другите изведувачи од нашите (екс Ју) простори. Магичната бројка од 100 концерти во текот на 2017 година е надмината, а бендот само во Америка одржа рекордни 13 концерти.
-Темпото кое го живееме и со кое работиме е исклучително заморно, но сакаме да ги почитуваме сите наши приврзаници. Затоа не има насекаде. Благодарение на позитивна атмосфера во бендот, енергијата е секогаш позитивна и тоа е клучот на нашиот успех, ни изјави за Text.mk, Иван Станчетиќ, менаџерот на групата.
Деновиве одржаа концерт во преполна сала Штадпалас во Билефелд,  на новогодишната ноќ имаат закажано настап на корзото во Риека, а на Први јануари 2018, ќе ги изненади и луѓето од Сараево, со концерт на плоштадот. Се разгледува опцијата во 2018 година за ја посетат и Македонија.