Вирусологот Фабрицио Прељаско, директор на Институтот „Галеази“ во Милано, тврди дека ризикот од пренесување на корона вирусот преку храна или амбалажа е многу мал.

– Корона вирусот може да се таложи на прехранбената амбалажа, но за 4 часа ја губи моќта. Покрај тоа, ниските температури во внатрешноста на фрижидерот ја блокираат циркулацијата на вирусот, а во одреден момент го „уништуваат“. Истото важи и за високите температури во рерните: 60 степени е доволно за да се „убие“ вирусот – вели тој.

Значи, како што посочува тој, нема поголеми ризици во однос на храната и пакувањето од останатите ситуации. Чистењето мора да се изврши правилно, внимателно.

„Но, не можеме да дезинфицираме сè“, вели Прељаско, истакнувајќи дека правилата остануваат исти, што значи дека е неопходно да ги миете рацете и никогаш да не го допирате лицето. А.Н.