По неприфаќањето на барањето на мајките на породилно отсуство да им се продолжи породилното барем уште еден месец, особено по средбата со премиерот Зоран Заев и миснитрите Јагода Шахпаска и Венко Филипче, родителите катадневно се соочуваат со проблеми.

Денеска поголем мајки кои од денес ги носат децата на во градинка се соочиле со непримање на децата бидејќи дошле порано или подоцна. Една мајка пишува:

„На работа треба да бидам во 7 часот наутро, и детето го однесов нешто пред сседум, но не гопримија бидејќи според протокол нашата група за примање е од 8 до 8 – 30 часот!„  и прашува што да прави и каде да го остава детето до 8 часот. Таа објаснува дека никој неа да ја толерира секој ден да доаѓа со еден час задоцнување!

Со ваков проблем се соочуваат голем број на родители кои јавно прашуваат како да го усогласот стартот со работното време и оставувањето на децата во градинка. Една мајка вели:

„Со отворањето на градинките се соочуваме со протоколку кои не соодејствуваат со обврските на родителите. Не може да ни наметнуваат носење на дете во одреден час кој е подоцна од вообиаеното време на започнување на работа кај нас. Најголем дел од родителите работат во приватни фирми и немаат клизно работно време…Родителите пак што работат во фабрика имаат фиксоно работно време кое најчесто почнува  дури и порано од другите“.

Револтираните родители бараат решение на овој проблем. Од вработените во градинките велат дека мора да се почитуваат протоколите, ама протоколите како да не се правени за родителите, туку за вработените во градинките!

Н.Д.