Деновиве се очекува одлука на Владата дали и кога ќе се отворат градинките и според кои протоколи истите ќе работат. Се најавува дека тоа ќе биде најдоцна на 1 Јуни!? И додека Владата прави планови како да ги отвори градинките, родителите стравуваат што ќе прават со децата од предшколска возраст и велат дека се уште не се подготвени да ги пуштат во градинка.

Ако се има предвид дека наскоро многумина ќе треба да се вратат на работа, тогаш неминовно е отворање на градинките. Повеќе од веројатно е дека нема да има ново продолжување на вонредните мерки  и ќе започне втората фаза од олеснувањата во однос на движењето, но дали тоа ќе значи и отворање на градинките, останува да почекаме до Одлуката на Владата.

Но, што да прават ако морат да тргнат на работа?

Од друга страна, пак, прашуваат како не е безбедно за децата од основните и средните училишта, а е безбедно за децата во градинка кои се помали, помалку  разбираат и имаат поголем ризик да се разболат поради возраста и ставање во уста на предмети што ги опкружуваат. Освен во приватните градинки каде условите и хигиената се на високо ниво, во државние градинки е многу потешко да се испочитуваат предусловите за хигиена и број на деца во група.

Останува енигма кои протоколи ќе бидат воведени и дали има подготвен кадар за толку кусо време да се справат со пандемијата. Од она за што сега се говори е дека градинките ќе работат со намален капацитет и ќе се носат само деца чии родители ќе донесат потврда дека и двајцата родители се обврзани да одат на работа. Групите, како што дознава ТЕХТ.МК нема да смеат да бидат поголеми од 10 -15 деца, што за некои градинки и невозможно, прво поради немање на простории, а второ немање на персонал…и ќе  има посебни мерки на носење и земање деца…

МОН веќе одлучи и на децата им закажа наредна средба дури во септември, но министерството за социијални работи изгледа одлучи да штеди и со цел да ги прекине породилните отсуства ќе ги врати децата во градинка. Мајките прашуваат кога да ги запишат децата и како да тргнат на работа без нерешено прашање околу грижата на децата!

Н.С.