Ѕвездата на светскиот фудбал, човек кој веќе се стекна со статус на легенда и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Кристијано Роналдо, се приклучи на хуманитарната акција за помош на болната Софија Маркуљeвиќ, десетмесечно бебе од Белград, Србија.

Роналдо реши дресот во кој играше против Милан на 11 ноември 2018 година, кога беше стрелец во победата од 2-0 на „црнобелите“, да го стави на аукција.

Парите од продажбата се наменети за лечење на десетмесечната Софија,која боледува од ‘рбетна мускулна атрофија (СМА) тип 1, прогресивна и смртоносна невромускулна болест.

Почетната цена на дресот беше 4.590 евра, а нејзината сегашна цена е 4.690 евра. Аукцијата трае уште 24 дена и може да ја следите на страницата што се занимава исклучиво со хуманитарна работа – unitedcharity.de.

Кристијано Роналдо честопати, понекогаш и далеку од очите на јавноста, учествува во хуманитарна работа и акции.

Сите што сакаат да и помогнат на Софија, но и на другите на кои им е потребна помош при лекување, може да го сторат тоа преку хуманитарната фондација „Биди хуман“. А.Р.