четврток, април 25, 2024
домаРусија не исклучува заземање на најголемите украински градови

Русија не исклучува заземање на најголемите украински градови

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва планира да избегне цивилни жртви и да се воздржи од напади на големи населби, вклучително и Киев. Но, во изјавата емитувана на државната телевизија Русија 24, Песков рече дека урбаната војна „неизбежно ќе доведе до голем број цивилни жртви“.

Како што пренесува хрватски „Индекс“, тој додал и дека „Министерството за одбрана, иако обезбедува максимална безбедност на цивилното население, не ја исклучува можноста за ставање под целосна контрола на големи населени подрачја, со исклучок на зоните што се користат за хуманитарна евакуација“.

Така, Кремљ за прв пат објави дека планира да ги заземе најголемите градови во Украина.

Портпаролот на Путин, Песков, исто така, рече дека претставниците на САД и ЕУ „ја туркаат Русија кон напади на големите градови во Украина со цел да ја префрлат на Русија одговорноста за смртта на цивили“, пишува „Би-Би-Си“.

„Сметаме дека таквата позиција е провокативна“, рече тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така, го нарече трагедија нападот на украинските вооружени сили врз сепаратистичката област Доњецк. Песков тврди дека се работи за напад врз цивили. Тој исто така рече дека „се чини дека шефовите на Украина кои се преку океанот издаваат наредби на украинската армија“.

RELATED ARTICLES

Most Popular