четврток, април 25, 2024
домаРусија регистрираше „лесна“ верзија на вакцината „Спутник V“ која се дава во...

Русија регистрираше „лесна“ верзија на вакцината „Спутник V“ која се дава во една доза

Руското Министерство за здравство регистрираше „лесна“ верзија на „Спутник V“ која се дава во единечна доза против коронавирус, објави во понеделникот новинската агенција „ТАСС“.

Русија минатата недела објави дека завршила клинички испитувања на „лесна“ верзија на вакцината против ковид-19, што е „привремено решение“ за помош на земјите со високи стапки на инфекција.

Москва изјави дека „Спутник V“, кој се дава во две дози, ќе продолжи да биде главната вакцина за употреба во Русија.

Нешто повеќе од четири милиони Руси ги примија двете дози на вакцината, а уште два милиони беа вакцинирани со првата доза.

Вкупно, вакцинирани се околу четири проценти од руската популација, што ја става Русија зад стапката на вакцинирани во земји како што се САД или Велика Британија.

Рускиот претседател Владимир Путин (68) беше вакциниран против коронавирус приватно минатиот вторник, но не е познато со која вакцина. Во неделата тој ја објасни својата одлука за вакцинирање без камери, велејќи дека „не сака да се глупира“ пред камерите и ги повика Русите да се вакцинираат. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ