четврток, април 25, 2024
домаНасловнаСАД ги заоструваат правилата за Зелениот картон

САД ги заоструваат правилата за Зелениот картон

Документот може да биде одбиен за апликантите за кои се смета дека имаат право на социјална помош

САД ги затегнуваат правилата за издавање т.н. Зелен картон за постојан престој во земјата, откако Врховниот суд ги одобри измените предложени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, јавуваат локалните медиуми. Според нив, имиграциските власти може да го одбијат документот на апликантите за кои се смета дека веројатно користат социјални бенефиции.

Факторите што ќе се земат предвид при разгледувањето на документите за давање дозвола за постојан престој, исто така, значително се зголемуваат. Службениците за имиграција ќе разгледаат фактори како што се возраста, достигнувањето на образованието и вештините на англиски јазик за да утврдат дали апликантите можат да станат товар за општеството, доколку користат федерални и државни програми за помош на лицата со ниски приходи во здравството („Медицид “), купони за храна, ваучери за домување и други социјални придобивки.

Според администрацијата на Трамп, потребни се нови правила за да се обезбеди имигрантите да можат да бидат самостојни, наместо да се потпираат на државата, и покрај тоа што тие се мал процент на примачи. Голем дел од новодојденците во Соединетите држави со Зелен картон не се квалификувани за придобивки од социјално осигурување. Според експертите, новите правила имаат за цел да ја спречат легалната имиграција на лица со ниски приходи од Латинска Америка, Африка и Азија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ