четврток, април 25, 2024
домаКујнаСалцбург: Во железничка несреќа повредени 54 лица

Салцбург: Во железничка несреќа повредени 54 лица

Најмалку 54 лица се повредени во железничка несреќа која се случи утрово во Салцбург, Австрија.
Портпаролот на железницата ОББ соопшти дека 54 лица се згрижени во болници и дека се полесно повредени. Несреќата се случила додека возот бил на железничката станица, при маневар на спојување на вагони на два воза на линиите Венеција-Салцбург и Цирих-Салцбург.
Во вагоните во моментот на судирот имало околу 240 патници. Возот од Салцбург требало да продолжи за Виена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ