И додека се уште нема официјално соопштение за самоубиството на македонската дипломатка во мисијата на ООН во Њујорк, се нижат шпекулации за идентитот и настанот на Менхетен.

Медиумите во Њујорк известуваат дека македонска дипломатка од нашата мисија во Обединетите нации е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн. Според полициски извори нејзиното тело е најдено на новогодишната ноќ при очигледно самоубиство, пренесува Fox News.

Според пишувањата на Fox News 38-годишната жена е пронајдена со појас околу вратот во спалната соба во нејзиниот стан на 45-та улица, нешто после пладне. Полицајците откриле и антидепресивни лекови на рецепт и две шишиња мелатонин – едното празно, а другото скоро празно.

„Живееше тука две години“, изјави во петокот Хернан Авила, домар во зградата. “Сите се чувствуваат лошо. Таа беше добра личност. Многу убава личност”.

Дипломатката живееле сам во стан на четврти кат, рече Авила. Тој ја опиша како тивка личност која повремено ја гледал како пуши.

„Вчера докторите дојдоа горе, амбулантата“, рече тој. “Дојде момчето, дипломатот. Не знам, амбасадор или нешто слично”.

Во официјалниот билтен на ООН прво бил објавен идентитетот на починатата дипломатка, но откако добиле информација дека станува збор за самоубиство избришана е информацијата за идентитетот. Од нашата мисија, како и од МНР се уште нема официјална информација за настанот.                                  А.Н.