Целиот свет го потресе веста за смртта на Диего Армандо Марадона во средата, а во Аргентина стапи на сила тридневна жалост. Државата го отстапи Домот на Владата на семејството на легендарниот фудбалер, каде ќе се одржи бдение кое ќе започне вечерва со интимна церемонија.

Диего Марадона почина во сон, објави новинарот Танкреди Палмери. Како што наведува, последната личност што го видела жив е неговиот братучед, во средата вечерта. Следниот ден, психијатар влегол во неговата болничка соба и се обидел да го разбуди, но неуспешно.  Аутопсијата утврди дека причина за смртта се проблеми со срцето што Марадона ги имаше од 2000 година.

Телевизиските камери доцна синоќа успеаја да го снимат семејството на славниот Марадона, неговата поранешна сопруга Клаудија и ќерките Далма и Џанина. Со маски на лицето, видливо потресени и држејќи се за раце, дамите синоќа влегоа во Домот на Владата со придружба за да ги финализираат деталите за јавното збогување закажано за овој четврток.

Исто така, има информации дека синот на поранешниот фудбалер кој е во болница поради компликации по позитивниот тест за корона вирусот, бил погоден од веста за смртта на неговиот татко.

На интимното бдение присуствуваат директни роднини на Диего Марадона, кои пристигнаа во Владиниот дом во текот на ноќта.

Вкупно околу милион луѓе се очекува да се збогуваат со, според многумина, најдобриот фудбалер во историјата. А.Р.