Вакцинација во Сомбор Фото Rtv.rs

Големиот труд на здравствените власти ја донесе Србија на позиција на континентален лидер во вакцинацијата, го пренесе „Гардијан“ пишувањето на АФП.

„Малата балканска земја вакцинираше повеќе од 450.000 граѓани од седум милиони жители за само две недели, што е темпо што ги надминува сите други европски земји, освен Велика Британија“, се наведува на научниот сајт „Нашиот свет во податоци“ .

Сајтот „Нашиот свет во податоци“ е основан од Мек Розер, економист и филозоф, а воедно и директор за истражување во економијата на Универзитетот во Оксфорд.

„Набавката на кинеската вакцина Синофарм направи голема разлика“, се додава во текстот во „Гардијан“.

Додека Европската унија се бори со набавката на вакцини и контроверзите, Србија, која лежи на границите на ЕУ, отиде пред сите, свртувајќи се кон исток, склучувајќи договори со кинески и руски производители на вакцини.

„Во Србија, кога аплицирате за вакцинација, на менито се вакцините Фајзер/Бионтек, Спутник V и Синофарм “, се заклучува во текстот. А.Р.