четврток, април 25, 2024
домаНасловнаСеверна Македонија го изгуби правото на глас во Советот на Европа поради...

Северна Македонија го изгуби правото на глас во Советот на Европа поради родова незастапеност

Како што објави прес службата на Совет на Европа, акредитивите на девет национални делегации во Собранието беа оспорени – по различни основи – на денот на отворањето на зимската пленарна сесија во Стразбур.

Шест од одземените овластувања се поврзани со правилото на Собранието за родова застапеност, во кој се вели дека националните парламентарни делегации треба „да вклучуваат членови на недоволно застапениот пол барем во истиот процент како во нивните парламенти и, во најмала рака, еден член на недоволно застапениот пол треба да е назначен за претставник “. Шест држави не добија акредитиви, односно имаат право на учество, но не и на гласање поради непочитување на ова правило. Меѓу нив е и Северна Македонија. Останати држави кои не добија право на глас поради непочитувањето на родовата застапеност се Полска, Португалија, Сан Марино, Шведска и Швајцарија.

Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но, во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само 2 се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата. Само колку за потсетување, шеф на македонската делегација е пратеникот Бетиан Китев од СДСМ, а членови се Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ и Шпреса Хадри од ДУИ. Заменици членови се Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши од Алтернатива и Фросина Ташевска – Ременски од СДСМ, чие пак учество е ставено под знак прашалник откако беше најавено обвинение против неа во случајот „Рекет“.

Два од одземените овластувања се однесуваа на правилото на Собранието за политичка застапеност, во кое се вели дека делегациите „треба да бидат составени за да се обезбеди правично претставување на политичките партии или групи во нивните парламенти“. Станува збор за Молдавија и Шпанија.

Критериумите за акредитација на една национална делегација – Руската Федерација – беа оспорени двапати, и тоа како од суштинска, така и од процедурална основа. Предизвикот за ингеренциите на руската делегација по значителни основи ќе го расправа Собранието во среда попладне, врз основа на извештајот на Комитетот за набљудување. За сите други одземени овластувања, Комитетот за правила ќе го достави своето мислење до Претседателот, без пленарна расправа ако заклучи дека треба да бидат одобрени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ