четврток, април 25, 2024
домаЖивот Седум знаци дека треба да ја смените маската за лице што поскоро

 Седум знаци дека треба да ја смените маската за лице што поскоро

Заштитната маска се покажа како едно од најефикасните средства за сузбивање на ширењето на коронавирусот. Носењето маска стана задолжително во затворен простор и каде што физичкото растојание не може да се одржува. Но, постои голема разлика помеѓу носењето каква било маска и носењето маска која е безбедна и ефикасна.

Постојат неколку знаци кои укажуваат дека ви треба нова маска за правилно да се заштитите.

  1. Маската е искината

Маските се ефикасна заштита и за вас и за оние околу вас само доколку се недопрени.

„Ако маската има видливи дупки или некој дел од маската е искинат, сметајте дека е неупотреблива“, вели американската педијатарка Кара Натерсон.

„Целта на маската е да обезбеди физичка бариера за спречување на вирусот, или ако сте заразени за да спречите пренесување на вирусот на луѓето околу вас“, додава Натерсон, истакнувајќи дека дупките на маската секако овозможуваат проток на вирусот.

  1. Ја допревте маската откако допревте потенцијално контаминирана површина

Ако сте допреле потенцијално контаминирана површина, како што е количката во супермаркет или рачката на вратата, а потоа сте допреле кој било дел од маската, освен врвките, може да ја сметате и маската за контаминирана.

„Колку почесто излегувате или поминувате повеќе време во гужви, толку почесто треба да ја ставате маската за перење или да ја фрлите веднаш штом ќе се вратите дома“, објасни Натерсон.

  1. Се грижевте за некој што е болен

Ако некој член на вашето домаќинство или некој друг што се грижите се сомнева дека е заразен со коронавирус, време е да ја исперете маската или да ја фрлите ако користите маска за еднократна употреба. Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), порозните предмети, како што се платнените маски, треба да се перат на највисоко соодветно ниво и потоа да се исушат целосно пред употреба.

  1. Носевте маска додека имавте симптоми на Ковид-19

Иако постојат докази кои сугерираат дека коронавирусот може да преживее неколку дена на површината, ако неодамна сте имале или се сомневате дека сте имале коронавирус, во ваш најдобар интерес е да ја замените маската за еднократна употреба или да ја исперете платнената маска за да се осигурате и вие и луѓето околу вас.

  1. Ја допревте маската после кашлање или кивање

Коронавирусот се шири преку респираторни секрети, што значи дека се пренесува со кивање или кашлање. Ако неодамна ја допревте маската после кашлање или кивање во рацете пред да ја исперете маската, време е да ја ставите во машината за перење или во ѓубре, ако е за еднократна употреба. Ова треба да се направи дури и ако не знаете дека сте болни, особено затоа што има значителен број асимптоматски случаи на коронавирус.

  1. Маската не ги покрива правилно вашиот нос и уста

За да се заштитите себеси и другите околу вас, маската треба да ги покрива и устата и носот. Ако вашата маска не одговара на вашето лице доволно добро за да ги покрие и устата и носот, и по можност брадата, време е да набавите нова.

  1. Маската е направена од само еден слој ткаенина

Во времето на пандемијата, многумина правеа свои маски дома, но ако таквата маска има само еден слој ткаенина, таа не нуди посебно ниво на заштита. Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), за да може маската ефикасно да ве заштити и вас и другите, таа мора да има повеќе слоеви ткаенина. Ако вашата маска нема повеќе слоеви, време е да набавите нова, пишува „BestLife“. А.Р.

RELATED ARTICLES

Most Popular