A man works in a burning tract of Amazon jungle as it is being cleared by loggers and farmers in Iranduba, Amazonas state, Brazil August 20, 2019. REUTERS/Bruno Kelly

Чадот од овие пожари, кој сега е видлив од вселената, се шири сè до атлантскиот брег, минувајќи 2.700 километри до Сао Паоло кога во понеделнико градот го замени денот со ноќ повеќе од еден час.

За жал, бразилската влада нема доволно ресурси за да се бори против пожарите што горат во дождовната шума во Амазон, изјави во четвртокот претседателот Јаир Болсонаро. Бразилскиот Национален институт за истражување на вселената (ИНПЕ) објави дека бројот на пожари кои влијаат на Амазон како резултат на уништување на шумите се зголеми за 83 проценти во однос на минатата година.

Институтот ги објави податоците собрани преку сателит една недела откако претседателот Болсонаро го отпушти раководителот на институцијата за објавување на податоците за уништување на шумите, пренесува Би-Би-Си.

ИНПЕ објави дека од минатиот четврток се пријавени над 9.500 пожари и дека повеќе од 1,5 фудбалски игралишта горат секој ден.

„Амазонија е поголема од Европа, како ќе се борите против криминалот со пожарите  во такво подрачје“, праша Болсонаро пред новинарите. „Ние немаме средства да го сториме тоа“.

Болсонаро ги обвинува невладините организации (НВО) за пожарите во Амазонија. На прашањето во четвртокот кој е одговорен за започнување со пожарот, тој одговори: „Индијанци, сакате ли да ги обвините Индијците?  Сакате ли да ги обвиниме Марсовците можеби?…Сите се осомничени, но најмногу претставниците на невладините организаци!!!„  На прашањето дали има докази за ова, тој одговори: „Дали директно ги обвинувам невладините организации? Јас само реков дека се сомневам во нив“.

Најголемата дождовна шума во светот, Амазон, е витално складиште за јаглерод што го забавува темпото на глобалното затоплување. Амазонија не случајно го носи прекарот „белите дробови на планетата“. Оваа дождовна шума произведува дури 20 проценти од кислородот што завршува во атмосферата. Како што одамна посочуваат научниците за клима, шумите, кои служат како резервоари за јаглерод и производители на кислород, се клучна одбрана против глобалното затоплување предизвикано од гасови со стаклена градина. И јаглерод диоксидот, кој се апсорбира од дрвјата, е главниот стакленички гас.

Сателитските податоци покажаа висок пораст на пожарите во регионот Амазон оваа година. Според податоците, досега имало над 75.000 пожари во Бразил, во споредба со нешто повеќе од 40.000 во истиот период во 2018 година.

Сателитските слики што ги прикажуваат повеќето области во северен Бразил покриени со чад, ги шокираа многу Бразилци и започнаа глобален тренд на споделување на фотографии и информации преку Твитер под ознаката #prayforamazonia.

НАСА, од своја страна, тврди дека целокупната противпожарна активност во басенот на Амазон е нешто под просекот оваа година.

Постојат околу три милиони видови на растенија и животни во регионот Амазон и еден милион природно население.

Активисти за животна средина го обвинија бразилскиот претседател Јаир Болсонар, националист и популист, за пожарот. Тие тврдат дека ги ослабнале регулативите за животната средина во земјата и ги охрабруваат дрвосечачите и земјоделците да ги уништат шумите. Сепак, Болсонаро го покажува прстот кон невладините организации кои работат во заштота на животната средина.

“Криминалот постои и ние мора да се осигураме дека овој вид на криминал не се зголемува. Ние зедовме пари од невладини организации. Тие сега ги чувствуваат последиците од недостигот на средства. Затоа, можеби овие типови на НВО ги извршуваат овие злосторства за да создадат негативно внимание против мене и против бразилската влада. Ова е војна со која се соочуваме “, рече Болсонаро во средата, алудирајќи на фактот дека пожарите се запалени од еко-активисти, а не од земјоделци или рудари, што тој ги поддржува, пренесува Си-Ен-Ен.