Очајни семејства на патниците чиј авион се урна во Џакарта Фото Profimedia

На аеродромот во Џакарта, од кој утрово полета авионот кој по само четири минути се урна во морето, се наоѓаат семејства и пријатели на исчезнатите патници. Тие вознемирено ги чекаат вестите за своите најблиски чија судбина сè уште не е позната.

На снимките од ова место се гледа како луѓето се гушкаат и се тешат едни со други, во најстрашна неизвесност. На аеродромот има и војска која ја обезбедува областа.

Авионот Боинг 737 полета утрово од аеродромот во Џакарта. Според првите и неофицијални информации, во него имало 56 патници, од кои седум деца и три бебиња, како и шест члена на екипажот. Тие се упатиле кон Понтијанак, но само четири минути по полетувањето, авионот ја изгуби комуникацијата со командниот центар.

Авионот се урна само 4 минути по полетувањето Foto Tanjug – AP

Околу 13.30 часот по локално време, министерот за транспорт на Индонезија потврди дека авионот паднал во морето, недалеку од архипелагот Илјада острови.

Официјален претставник на агенцијата за спасување во Басарна изјави дека се пронајдени „парчиња“ северно од Џакарта, кои би можеле да припаѓаат на авионот на „Сривиџаја Ер“ на летот СЈ182.

Претходно, локалните рибари пријавија дека пронашле метални делови од авионот во морето, кои би можеле да припаѓаат на летот SJ182.

Акцијата за спасување е во тек. А.Н.