Најпопуларните и најактуелните женски имиња на регионалната трап / поп сцена во моментов, Сенида и Сара Јо доаѓаат во Скопје со голем концерт под отворено небо, на 01-ви јуни на стадионот на АРМ, најавува „Авалон продукција“.

По нивниот настап на Ohrid Calling 2021, Сенида и Сара Јо продолжија да го креваат стандардот на балканската музичка сцена; Сенида со хитовите „Behute’’ и „Jadnaja” и Сара Јо со хитовите „Divlja’’ и песната која го запали регионот и која беше евровизиски кандидат за оваа година – „Muškarčina”, со постојаност докажуваат дека се највлијателните и најквалитетните регионални женски музички ѕвезди.

Па, оттаму доаѓа и GRL POWER, името на овој фестивал кој има за цел да ги слави регионалните женски артисти и да ја акцентира женската моќ и позиција во музичката индустрија!

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре (05-ти мај) во 09 часот наутро на сите продажни места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: ПАРТЕР: 700 денари, ФАН ПИТ: 990 денари (само 1.000 влезници).