Финското тело за нуклеарна безбедност СТУК објави дека нивото на радијација во нуклеарната единица „Олкилуото2“ се зголемило околу 13 часот на западот на земјата, но дека нема протекување на радијација и дека ситуацијата е под контрола.
„Ова е сериозен и исклучителен инцидент и веруваме дека е многу важно да се обезбедат точни информации за тоа“, изјави пред новинарите финскиот министер за социјални работи и здравство Аино-Каиса Пеконен, објави Ројтерс.
Јармо Танхуа, извршен директор на операторот со нуклеарната централа ТВО, рече дека инцидентот е невообичаен настан во историјата на објектот.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес соопшти дека Финската управа за радијација и нуклеарна безбедност (СТУК) информирала за настанот во блокот 2 на нуклеарната централа Олкилуото.
Во внатрешноста на нуклеарната централа се измерени покачени нивоа на зрачење и реакторот е исклучен, се вели во соопштението на МААЕ, пренесе Ројтерс.
Нема истекување на радијација во животната средина, повтори МААЕ во соопштението, што претходно го наведе СТУК. А.Р.