четврток, април 25, 2024
домаКујнаСерија експлозии на гас близу Бостон, еден загинат, десетина повредени

Серија експлозии на гас близу Бостон, еден загинат, десетина повредени

Најмалку едно лице загина, а десетина беа повредени во експлозии и пожари во три градови северно од Бостон, кои ги предизвика протекување на гас во четвртокот вечерта, објавија американски официјални претставници. Стотици луѓе се евакуирани поради мирис на гас во Лоренс, Андовер и Северен Андовер, во американската држава Масачусетс.

Во моментот на хаваријата на неколку локации во таа американска држава компанијата „Колумбија гас“ извршувала работи за обезбедување на гасоводот. Локалните медиуми објавија дека барем една куќа била уништена во експлозијата.

Официјални лица најавија дека истражители ќе излезат на теренот денес за да ја утврдат причината за протекувањето на гас.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ