Пазарот на крипто-валути забележа загуби по веста дека Јужна Кореја планира да воведе одредена даночна стапка. Вкупно 96 од 100-те најважни крипто-валути паднаа за 10 до 20 проценти, а лидерот на пазарот биткоинот е повеќе од 12 отсто во црвено, според податоците на „Коинмаркеткеп“.

Јужнокорејската влада објави дека годинава ќе наплатува 24,2 отсто од данокот на добивка на претпријатијата и ќе воведе даноци од размената на криптовалути оваа година, објавија локалните медиуми. Земјата има една од најголемите трговски платформи во светот во приватна сопственост, при што повеќе од два милиони луѓе имаат биткоини.

По оваа вест, биткоинот падна на 10.400 долари, бидејќи инвеститорите беа исплашени дека регулативата ќе биде построга. Етереум падна за 11 отсто на 951 долари, а рипли исто така за 11 отсто, на 25,25 долари.