Лицата кои се наоѓаат во државен карантин очекуваат од утре да бидат пуштени дома. Ова се должи на Одлуката на Владата од утре да се отворат границите за сите оние кои сакаат да патуваат во Северна Македонија и за кои влегувањето е безусловно.

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска одговори дека се бара правна форма за ослободување на овие лица од карантин. Правниците два дена интензивно работеле на тоа поле и биле блиску до решение – потврди Филипче.

Од друга страна лицата кои се во задолжителен државен карантин велат дека едвај чекаат да си заминат дома, бидејќи карантинот е повеќе извор за бизнисите на приватните лаборатории отколку карантин за самоизолација. Лица кои сакаат да остана анонимни велат дека секое утро ги будат претставници од лабораториите кои им нудат ПСР тестови, со цел да си заминат дома побрзо. Цените на тестовите се движат од 8000 до 3600.