Почетокот на кошаркарската АБА лига, поради лошата епидемиолошка состојба во регионот, може да се одложи за две недели, односно за почетокот на октомври.

Почетокот на сезоната е закажан за 19 септември, а како што дознава подгорички „Вијести“, раководството на лигата, во договор со клубовите, ќе објави нов датум до крајот на месецот, затоа што подготовките за новата сезона треба да започнат во август.

Поради епидемијата на корона вирусот, откажан е Суперкупот на АБА-лигата, кој беше планирано да се одржи во Подгорица седум дена пред почетокот на сезоната.

Истото сценарио го разгледува Евролигата, која треба да започне на 1 октомври. А.Р.