Од вчера, во Швајцарија се регистрирани 824 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што бројот сега изнесува вкупно 3.939 заразени.

Три лица починаа во последните 24 часа, при што вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот во оваа земја е 36.

Овие информации се наведени на веб-страницата „Ворлдмитерс“ (Worldometers), каде што постојано се ажурираат различни статистички податоци за целиот свет.

Швајцарскиот претседател неодамна изрази загриженост дека здравствениот систем на земјата може да доживее колапс доколку вирусот продолжи да се шири со оваа брзина. А.Р.