Актерката Бергузар Корел, попозната на нашите простори како Шехерезада од серијата „1001 ноќ“, во март го роди своето второ дете со 49-годишниот актер Халит Ергенч, кој го паметиме по улогата на Сулејман. Иако сите мислеа дека нема индикации за проблеми во односите меѓу сопружниците и дека синот Хан ја заврши семејната идила, се чини дека тоа не е така.
Според некои турски медиуми, сопружниците се на чекор до одлуката за развод.

– Тие не се согласуваат за многу работи. Најлошото нешто е што Халит не сакаше друго дете, бидејќи тој се смета за премногу стар, а неговата сопруга го убедуваше да го стори тоа скоро две години. Кога останала бремена, тој бил пресреќен, но откако таа се породила, таа целосно му се посветила на детето и тој сега се чувствува запоставено. Тие одлучија да се разделат неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали ќе се разделат засекогаш – изјави извор близок до парот.
Наводно, 50-годишниот Халит веќе започнал да се допишува со друга жена за која турските медиуми велат дека е многу популарна и е позната како една од најголемите актерски надежи на Турција.
Многумина го осудија актерот за ова и му испратија бројни осуди преку социјалните мрежи.

“Да, најлесно е да се напушти кога е тешко и да се најде друга жена што ќе ги задоволи вашите интимни потреби и апетити. Многу патетично”, напиша една од неговите обожавателки.

Ал.Н.