Играниот филм за Златан Ибрахимовиќ, најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, започна да се снима во октомври, а гледачите ќе можат да го гледаат во киносалите наесен следната година, пренесоа италијанските медиуми. Ибрахимовиќ иако има 39 години, сепак игра во врвна форма, и воодушевува во дресот на ФК Милан.

Филмот се базира на автобиографијата „Јас сум Златан“, напишана од шведскиот новинар Дејвид Лагеркранц. Тој е еден од сценаристите на филмот, а на сценариото работеше и Јакоб Бекман, додека режисер е уште еден Швеѓанец, Јенс Сјогрен. Главните актерски улоги се наменети за Доминик Бајрактари Андерсон и Гранит Рушити.

Бајрактари Андерсон ќе го игра со Ибрахимовиќ кога имал од 11 до 13 години, а Гранит Рушити ќе го игра шведскиот голгетер од 17-та до 23-та година, односно на почетокот на неговата професионална кариера во Малме и кога премина во Ајакс. Снимањето на филмот ќе биде довршено во Амстердам.

„Ибрахимовиќ е повеќе од фудбалер, тој е икона и чист лидер. Начинот на кој игра и се однесува на теренот и надвор од него е автентичен и никој не може да го имитира. Ова е приказна за легендата која е наш современик, играчот кој најголема посветеност доживеа во Италија. Тоа е приказна создадена за филм“, рече филмскиот продуцент Андреа Окипинти. А.Н.