Алжирски воен авион од рускиот модел Иљушин, се урна со околу 200 патници, главно воен персонал.

Несреќата, како што пренесува „alarabiya.net“, се случила во Буфарик, град во провинцијата Блида, оддалечен околу 30 километри од главниот град.

Според арапски воен извор нема преживеани. На самото место се упатиле 14 амбулантни возила, а голем број луѓе се собрале околу остатоците од авионот. Несреќата се случила многу брзо по полетувањето од воениот аеродром во Буфарик.