Смртта на пејачот Крунослав Кичо Слабинац шокираше многумина, вклучувајќи ја и неговата поранешна емотивна партнерка Мирјана Антоновиќ.

– Неколку дена пред да замине во болница, Кичо ме замоли да му ветам дека ќе бидеме заедно во рајот и дека никогаш нема да се разделиме. Се чинеше како да има претчуство. Бев исплашена, бидејќи тој ми се јави среде ноќ да ми го каже тоа. Имав чувство дека повеќе нема да се чуеме и дека ова е неговата последна желба – напиша Мирјана на социјалните мрежи, како што пренесува „Ало“.

– Тој ми вети дека ќе ми се јави веднаш штом ќе ги отвори очите, но тоа не се случи – заклучи Антоновиќ, споделувајќи заеднички фотографии од периодот кога се сакаа и кога и ја посвети познатата песна „Поради една убава црна жена“.

Да потсетиме, Кичо Слабинац, еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, почина на 13 ноември годинава, на 76-годишна возраст. Пејачот беше опериран неколку пати во изминатите месеци, и иако неговите роднини се надеваа дека сè ќе биде подобро, лекарите во неколку наврати ги подготвуваа за најлошото. Зад себе ги остави неутешните синови Паво (41) и Иван (39), пријателите и бројните обожаватели.

Според претходните обвинувања на РТЛ, состојбата на пејачот се комплицирала по операцијата на срцето. По првата операција следеа уште две и сето тоа беше премногу за да може да го издржи организмот на Слабинац. Тој потоа беше ставен во индуцирана кома во август, објавија медиумите. Кичо е роден во 1944 година во Осијек, а се прослави низ целиот регион во 1970-тите. Како пејач, композитор, гитарист и аранжер, тој постигна голем успех низ цела Југославија и е победник на многу музички фестивали на Балканот, како што се Белградска пролет, фестивали во Опатија, Сплит и други. Тој е познат како пејач на популарна музика, но и на славонска народна музика.
Антоновиќ, од друга страна, на домашната јавност и е најпозната поради спорот што го водеше со пејачот Мирослав Илиќ низ годините со цел да докаже дека тој е татко на нејзиниот син Девин.

Последното збогување со великанот на хрватската музичка сцена Крунослав Кичо Слабинац ќе биде во четврток, 19 ноември во 12,40 часот во крематориумот во Загреб, и ќе биде погребан во Алејата на великаните на Мирогој.

– Во исто време, Славонија ќе се збогува од Кичо со звуците на тамбурата што ќе одекнуваат во неколку славонски градови – Осиек, Чаково, Шупања, Нашице, Винковци …

Кичо Слабинац ќе биде закопан во присуство на најблиските соработници и семејството, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки. Тој ќе биде погребан со сите државни почести – за 24 сата вели Бранко Уводиќ, долгогодишен пријател на Кичо.

Ал.Н.