Заменик министерката на Министерството за труд и социјална политика Санела Шкријељ на денешната прес конференција одговори на прашањето за кога и дали се планира отворање на градинките. Таа меѓу другото одговори дека Минситерството во консултации со Комисијата за заразни болести работи на проценка за отворање на градинките и дека врз основа на тоа ќе одлучат кога истите ќе бидат отворени. Паралелно со та с еправат и протоколи по кои ќе се згрижуваат децата во градинки. Заменик министерката напомена дека тие ги разгледуваат сите опции, но дека е важно да се знае дека децата нема да останат незгрижени. Според неа доколку не се пристапи кон отворање на грандинките ќе продолжат да важат мерките еден родител да остане да се грижи за деацата до отворање на градинките.

ТЕХТ.МК дознава дека има две сценарија околу отворањето на градинките. Едната е да се отворат само за оние деца чии родители неможат да се ослободат од работните обврски и за тоа ќе приложат потврда, а другата опција е отворање на градинките од први септември, кога ќе започнат и децата да одат на училиште, а до тогаш ќе бидат пролонгирани мерките по еден родител да биде ослободен од работни обврски.

Н.Д.