Се повеќе европски земји воведуваат повеќенеделна блокада поради корона вирусот, а Грција ќе влезе во тринеделна блокада од сабота. Според премиерот Кирјакос Мицотакис, новите мерки ќе стапат на сила во 6 часот наутро.

Разликата во однос на мартовската блокада е што ќе важи и за основни училишта и градинки, како и супермаркети и аптеки.

– Во сабота во шест часот наутро ќе влеземе во блокада што ќе се разликува од онаа во март. Средните училишта и колеџи ќе имаат онлајн часови. Повторно ќе ги активираме СМС пораките – рече Микотакис.

Тој рече дека е свесен дека луѓето се загрижени за нивните бизниси и економска состојба.

– Ние сакаме граѓаните да бидат наши сојузници. Ние сме тим и мора да продолжиме да покажуваме солидарност, како што тоа го сторивме во првиот бран на пандемијата. Денес ќе се фокусираме на научните факти, затоа што мора да бидете информирани за сè и не смее да има сомнежи – рече Мицотакис.

Мицотакис посочи дека граѓаните ќе добијат поголема финансиска помош од државата отколку што беше случај во првиот бран. А.Р.