Директорот на Светската здравствена организација за Европа рече дека има „мал знак“ за успорување на случаите на инфекција со коронавирус во тој регион.

„Треба да ја видиме светлината на крајот од тунелот, но ќе бидат тешки шест месеци“, рече д-р Ханс Клуге.

Клуге рече дека луѓето можат да избегнат построги рестриктивни мерки ако бидат подготвени да се држат до препорачаните мерки.

Ако маските се носат 95 проценти, затворање не би било потребно, рече тој, додавајќи дека со сегашниот степен на носење маска од 60 проценти, тешко е да се избегне затворање.

Тој рече дека експоненцијалниот скок во случаите на коронавирус низ европскиот континент оправдува преземање рестриктивни мерки и додаде дека овие мерки се „апсолутно неопходни“ за да се запре пандемијата. Клуге предупреди дека можеби се потребни уште подрастични чекори во овие „невидени времиња“.

Клуге предупреди дека укинувањето на изолацијата премногу брзо без задржување на другите мерки може да доведе до повторен скок на инфекцијате со коронавирус. Тој повика на систем во степени што може да укаже на јасни мерки во зависност од пренесувањето на инфекцијата во заедницата.А.Р.