Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека минатата недела повторно е забележано големо зголемување на заболени од коронавирус во Европа, односно дека се потврдени повеќе од 927.000 случаи.

Во својот последен извештај, СЗО наведува дека бројот на нови случаи е зголемен за 25 проценти во последната недела, односно дека новите случаи во Европа се 38 проценти од сите нови случаи пријавени ширум светот, пренесува АП.

Како што се наведува, повеќе од половина од случаите во Европа ги бележат заедно Русија, Чешка и Италија.

Исто така, според СЗО, бројот на смртни случаи во Европа исто така продолжува да расте и е поголем за една третина во споредба со претходната недела.

Агенцијата за здравство на ОН наведе дека бројот на нови случаи во Словенија се зголемил за 150% во споредба со претходната недела, со нови 4.890 случаи. А.Р.