четврток, април 25, 2024
домаСЗО загрижена поради короната на Балканот и Централна Европа

СЗО загрижена поради короната на Балканот и Централна Европа

Светската здравствена организација денес соопшти дека е особено загрижена за состојбата со ковид-19 на Балканот и Централна Европа, истакнувајќи дека хоспитализациите и смртните случаи се меѓу највисоките во светот.

Регионалната канцеларија на оваа организација за Европа, исто така, забележа дека ситуацијата е најакутна во областите кои беа успешни во контролата на болеста во првите шест месеци од 2020 година, објави порталот „Баронс“.

„Особено сме загрижени за епидемиолошката состојба на Балканот, како и многу други земји низ Централна Европа“, рече на прес-конференција Кетрин Смолвуд, висок службеник за итни случаи во Европската канцеларија на СЗО.

Регионалниот директор Ханс Клуге рече дека вакцинацијата против ковид-19 сè уште не е доволна за да се запре ширењето на вирусот во регионот.

„Инциденцата на случаи продолжува да расте и се движи кон исток“, рече Клуге.

„Бројот на случаи со ковид-19 расте три последователни недели“, додаде Клуге, велејќи дека над 1,2 милиони нови случаи се пријавени во европскиот регион на СЗО минатата недела.

Европскиот регион на СЗО вклучува 53 земји и територии, и ги вклучува Русија и неколку земји од Централна Азија. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ