Светската здравствена организација забележа дека досега немало толку многу случаи на нови инфекции за 24 часа – скоро 300 000 луѓе. Според организацијата, овој број е рекорд во растот на заразените од почетокот на пандемијата. Исто така, забележано е дека голем дел од заразените луѓе едноставно не се пријавуваат во статистика, а има и земји каде тестови воопшто не се прават.

За последните 24 часа во светот се регистрирани 294.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е за 2.000 повеќе од претходниот рекорд поставен на 31 јули. САД, Бразил и Индија се најпогодени во овој поглед.
Од почетокот на пандемијата, во светот се пријавени 21 милиони случаи на инфекција, а бројот на смртни случаи од компликации предизвикани од коронавирусот надминува 755.000 луѓе.      Н.Д.