Светската здравствена организација (СЗО) објави денес дека сè уште нема докази дека луѓето кои прележале КОВИД-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат, пренесе „Ројтерс“.

Во соопштението објавено денес од СЗО, соодветно на тоа се предупредува дека нема да им се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобренија за враќање на работа на лица кои прележале КОВИД-19, бидејќи тоа го зголемува ризикот од ширење на корона вирусот.

Чиле минатата недела најави дека планира да воведе „здравствени пасоши“ и да им ги издава на луѓето кои се опоравиле од корона вирусот. А.Р.