Светската здравствена организација предупредува дека имало „дополнително забрзување“ на ширењето на пандемијата во Европа, при што минатата недела беа пријавени скоро половина од сите случаи на Ковид-19 во светот.

Во неделниот извештај објавен синоќа, СЗО наведува дека во текот на изминатата недела, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Европа се зголемил за 46% во споредба со претходната недела.

Зголемување на бројот на смртни случаи од последиците од инфекција со корона вирусот е забележано и во Северна и Јужна Америка, но за два процента, според извештајот на СЗО.

Најголем број нови случаи на Ковид-19 во Европа е забележан во Франција, Италија и Велика Британија, додека најголемата стапка на заразеност е потврдена во Андора, Чешка и Белгија. А.Р.