Светската здравствена организација во среда попладне прогласи пандемија на вирусот корона откако тој продолжува да се шири незапирливо ширум светот …

На редовниот брифинг, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебраис објави дека веќе имало повеќе од 118.000 случаи во 114 држави, а 4.229 лица ги загубиле своите животи.

„Пандемијата не е збор што може несовесно да се користи. Ако се злоупотреби, тоа може да предизвика паника и страв, што доведува до непотребно страдање и смрт“, рече тој.

„Опишувањето на ситуацијата како пандемија не ја менува проценката на СЗО за заканата од овој коронавирус. Мерките преземени од страна на СЗО за борба против вирусот нема да се променат“, додаде Гебраис.

Ширењето на вирусот е прва пандемија предизвикана од корона вирусот, кратко рече директорот на СЗО, Тедрос Адхан Габриезус.

Ова е прва пандемија прогласена по 2009 година и случајот со вирусот Х1Н1. Досега, повеќе од 118.000 луѓе се заразени во 114 земји.

Н.С.