СЗО ја спомена Северна Македонија како една од земјите на мапата на оваа меѓународна организација во која има „забрзана трансмисија“ на вирусот.

Директорот на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, на денешната прес конференција рече дека во 11 држави „забрзаната трансмисија“ предизвикала значителен пораст, кој доколку се остави без надзор, ќе ги врати здравствените системи во Европа на работ на колапсот.

На списокот на СЗО, покрај нашата земја се наоѓаат и Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Казахстан, Киргистан, Косово, Молдавија, Шведска и Украина.

Н.Д.